еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

„Кожувчанка“ донираше генератор за струја на градот Буча од Украина, збратимен со Кавадарци

Генераторот во вредност од 80 илјади евра, кој како донација од страна на градоначалникот Митко Јанчев и компанијата „Кожувчанка“ му беше доделен на збратимениот град Буча од Украина, е пристигнат.

Ова значи дека граѓаните на Општина Буча веќе од понеделник ќе имаат непрекинато водоснабдување и струја. За ова денеска информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник.

Оттаму соопштија дека збратимувањето меѓу општините Кавадарци и Буча од Украина што се случи пред неколку дена, резултираше со конкретен пример на поддршка. Бидејќи, поради воени дејствија, граѓаните таму се без електрична енергија и без вода за пиење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кавадарци се збратими со украинска Буча

МИА/Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Која е Маја Јанеска, Македонка од Охрид, која загина во Африка

Редакција

Убава вест: 748 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

Најнови податоци од ДИК: „За“ гласале 520.461 лица, а „против“ 32.801 лица

Редакција