еМагазин
Бизнис

Европа со намалена добивка во првите девет месеци

Европа АД Скопје за периодот од 01.01 до 30.09.2022 година оствари добивка во износ од 38.454.020 денари и истата е помала во однос на претходната година за 25,5%, информираат од компанијата преку Македонската берза.

Во овој период остварени се вкупни бруто приходи во износ од 617.367.021 денари и истите се зголемени за 2% во однос на бруто приходите од 2021 година за истиот период, велат од таму.

-Вкупните оперативни приходи од 01.01 до 30.09.2022 година се зголемени за 3,3% во однос на истите во 2021 година. Останатите приходи се намалени за 2,5%, а финансиските приходи се намалени за 43% во однос на 2021 година.

Вкупните расходите се зголемени за 4,9% во однос на минатата година. Оперативните расходи во периодот од 01.01 до 30.09.2022 година се зголемени за 4,9%. Зголемувањето на оперативните расходи се должи на неколкукратното зголемување на цените на енергенсите. Финансиските расходи се намалени за 9,4% во однос на минатата година, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европа со намалена добивка во првите шест месеци од годината

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

80 општини доставиле 357 проекти за реализација на инфраструктурни проекти со пари од државниот буџет

Редакција

ЗК Пелагонија лани со добивка

Редакција

Втората граѓанска обврзница достапна во експозитурите на НЛБ Банка

Редакција