еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) РЕК Битола прави набавка од фирма на директор на ТЕЦ Неготино, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема крај на криминалите и сомнителните зделки во електро енергетскиот систем воден од СДС. Ова е договор тежок 632.000 евра со којшто РЕК Битола набавува од семејна фирма на директорот на ТЕЦ Неготино, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Тој е единствен понудувач, а според РЕК Битола, „оваа набавка е неопходна за превенција за заштита од емисии на прашина на отворено, особено при високи температури, суво и ветровито време“, така е наведено во одговорот од РЕК Битола за медиумите.

Набавка на средство за спречување на кревање прашина, потребно во топли сушни денови со високи температури.

Како што веќе е објавено во јавноста, На 20 октомври АД ЕСМ за потребите на РЕК Битола склучува договор за јавна набавка на стоки со семејната фирма на директорот на ТЕЦ Неготино и висок функционер во СДС, Небојша Стојановиќ од Неготино, „Хем алијанс“ со седиште во Пепелиште.

Сопственик на фирмата е неговиот татко, а управител неговата сопруга Милица Стојановиќ.

„Хем алијанс“ се обврза во наредните 12 месеци за потребите на РЕК Битола да набавува „чисто органско биоразградливо соединение за спречување на појава на прашина од одложена пепел (РЕК Битола)“. Вредноста на овој договор со ДДВ е 39.117.000 денари. Потписник во име на РЕК Битола е директорот Пеце Матевски.

Со владина одлука од 14 јуни, ТЕЦ Неготино АД во сопственост на државата е присоединето со АД ЕСМ, а во тек било склучувањето на спогодбата за присоединување, рече Стоилковски.

Тој додаде дека „со електроенергетскиот систем воден од СДС, РЕК Битола набавува од семејната фирма на директорот на ТЕЦ Неготино, а двете се дел од АД ЕСМ! И РЕК Битола и ТЕЦ Неготино се водени од високи функционери на СДС!“

-Системот, односно институциите како ДКСК и ЈО веднаш би требало да отворат истрага и да одговорат дали ова не е судир на интереси и дали ова не е директно прелевање на буџетски пари кај партиски функционери, додаде Стоилковски.

Фото/Видео: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Талат Џафери ќе биде технички премиер од 28. јануари

Редакција

Мијалков и Тачи на суд: Продолжува судењето за „Титаник 2“

Редакција

На Рашковски ќе му се суди за набавката на софтверот и перење пари, одборено обвинението

Редакција