еМагазин
Image default
Бизнис

„Раде Кончар – Апаратна техника“ ја зголеми добивката

Акционерското друштво „Раде Кончар – Апаратна техника“ во периодот од 01.01. – 30.06.2018 година оствари нето добивка од 5.151.767 денари што е за 51% повисока од добивката во периодот од 01.01. – 30.06.2017 година која изнесуваше 3.400.722 денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Во овој период остварен е вкупен приход од 8.054.166 денари кој е за 19% повисок од остварениот приход во истиот период во претходната година.

„Според структурата на приходи во овој полугодишен период, големо е учеството на приходите од исплатените дивиденди остварени од добивката во 2017 година од друштвата во кои Акцинерското друштво има свои вложувања, при што вкупно остварените приходи по основ на дивиденди во извештајниот период изнесува 7.204.135 денари, односно учество од 89,4% во вкупните приходи, а кои приходи бележат зголемување од 22%“, соопшти компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска лансираше нов онлајн бизнис во Македонија

Редакција

Преполовена добивката на Комерцијална банка: За три месеци профит од 3,5 милиони евра

Редакција

Бројот на претставки од незадоволни осигуреници зголемен за 56 отсто, велат од Агенцијата за супервизија на осигурување

Редакција