еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Битолската „Зимска приказна“ продолжува со „Фолтин“

Манифестацијата „Зимска приказна“ организирана од Општина Битола продолжува со програми за деца и возрасни, информираат од Општината.

Претпладнево во Старата битолска чаршија ќе настапат „Енис бенд“, „дуо Латино бенд“, група „Фаворити“ и група „Бонус“, а вечер од 19 часот ќе биде изведена детската театарска претстава „Зимска приказна“, па потоа ќе настапат групите „Корозион“, „Грув“ и „Фолтин“.

Годинешната манифестација „Зимска приказна“ на Општина Битола содржи 62 посебни уметнички проекти, што ќе бидат презентирани и утревечер, а в сабота на полноќ, Новата година ќе биде дочекана на платото пред Офицерски дом и со музичка програма во изведба на групите „Љубојна“, „Мелем“ и оперскиот пејач Никола Зацески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Битола во Зимска приказна од денес до 1 јануари

Фото: Општина Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Д-р Катерина Спасовска: Преморени сме, од срце Ве молам користете маски

Редакција

Нови 868 случаи на Ковид-19 од 3.654 тестирања

Редакција

„Заспаниот имунитет“ една од можните причини за респираторни инфекции на 50 деца во гевгелиската болница, каде што тим на лекари ќе испитува

Редакција