еМагазин
Image default
Бизнис

Фабрика Карпош оствари добивка од 3,3 милиони денари

Во периодот од 01.01-30.06 2018 година Фабрика „Карпош“ АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат прикажан во поединечниот неревидиран биланс на успех, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од продажба на производи (реализација) на големо на домашен пазар и приходи по времени ситуации во износ од 217.678 илјади денари.

Остварената нето добивка по оданочувањето за периодот 01.01-30.06 2018 година изнесува 3.318.000 денари наспроти остварената нето добивка од 17.300.000 денари истиот период претходната година.

„Со оглед на недовршеното производство или производството во тек кое произлегува од станбен комплес Александрија (проект за изградба на станови кои ги гради Фабрика Карпош А.Д Скопје) со издавање на фактури на купувачите на станови по продажни цени, залихата ке се валоризира и ќе го зголеми приходот на компанијата.

Во првите шест месеци од 2018 година вкупните расходи во најголем дел се однесуваат на трошоци на продадени производи и услуги и истите бележат незначителни промени во однос на истиот период претходната година односно изнесуваат 193.603.000 денари.

Финансиските расходи,расходи по основ на камати се на износ од 4.106.000 денари во извештајниот период и бележат намалување во споредба со истиот период претходната година“, соопшти компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови вработувања во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Редакција

Тендер „тежок“ 3,5 милиони евра: ЕЛЕМ ќе користи помошна механизација за РЕК Битола од „Марковски компани“

Редакција

Србија за 7 до 10 дена ќе ја тргне забраната за извоз и ќе ни испорача пченица, пченка, брашно и масло за јадење

Редакција