Во текот на втората недела од 2023 година (09-15.01.2023), во Македонија се пријавени 1.346 (I=73,3/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, за 63,9% повеќе во споредба со претходната недела (n=821), покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
-Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со втората недела од минатата сезона (n=470) е зголемен 1,6 пати, а во споредба со бројот за втората недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 12 сезони) (n=957), зголемен е за 40,7%.
Во однос на возрасната дистрибуција, 888 лица се на возраст од 15-64 години, 186 кај деца на возраст од 5-14 години, 139 кај деца на возраст од 0-4 години и 133 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години.
Највисока инциденца (114,0/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.
Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се три починати лица асоцирани со грип, две лица од Скопје и едно лице од Штип.
Две лица се од возрасната група од 15-64 години, а едно лице на возраст над 65 години, со регистрирани коморбидитети, хоспитализирани и невакцинирани со вакцина против сезонски грип, стои во извештајот на ИЈЗ.
Фото: МЗ