еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЕСМ Продажба објави повик за снабдување со природен гас за февруари за топланите и други потрошувачи

ЕСМ Продажба спроведува постапка преку јавен повик за прибирање понуди од домашни и странски лиценцирани фирми регистрирани за дејноста кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количина на природен гас за февруари за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останати потрошувачи на природен гас во Македонија, кои снабдувањето ќе го вршат преку ЕСМ Продажба.

„Јавниот повик трае од 20.1.2023 до 24.1.2023г и понудувачите на истиот треба да достават податоци за нивната понуда во однос на техничките карактеристики на гасот, земја на потекло, гаранција, фиксна цена за MWh, вкупна количина која се нуди и изјава од одговорното лице на понудувачот дека може да ги обезбеди наведените количини во периодот за кој се дава понудата, односно за февруари.

Покрај јавниот повик, домашните лиценцирани фирми за дејноста се и директно контактирани од страна на ЕСМ Продажба, со цел запознавање со повикот и можно поднесување понуда,“ се вели во соопштението.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ивана Караџова е новото лице на Теранова

Редакција

Топ пет најниски нето плати во јуни

Редакција

Кој знае каде е Катица Јанева?

Редакција