еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, лица од Бугарија ќе сакаат да ја дестабилизираат земјата, оцени Пендаровски

По завршување на седницата на Советот за безбедност, претседателот Стево Пендаровски изјави дека на 4. февруари се очекува организирана група од Бугарија да пристигне во земјава на одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Групата ќе има за цел нарушување на безбедноста со цел дестабилизација на земјата и на односите со Бугарија.

Претседателот рече дека ќе бидат преземени сите потребни безбедносни мерки од границата, се до гробот на Гоце Делчев.

„Според достапните анализи и сознанија на надлежните органи се работи за органзирани активности од стана на структури во соседна Бугарија кои се активирани особено по усвојувањето на европската преговарачката рамка во јули, минатата година.

Истите овие структури, се веќе мобилизирани и логистички и финансиски за да го поддржат организираното доаѓање во Скопје на повеќе лица на 4 февруари кога го одбележуваме денот на раѓањето на Гоце Делчев.

Според сите проценки тоа ќе биде настан од висок безбедносен ризик и надлежните органи не смеат да бидат само неми набљудувачи на тоа што ќе се случува,“ рече Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Забрана за влез на Ангел Џамбаски и други бугарски граѓани, предложи Пендаровски до Владата

Пендаровски со апел до Бугарија: Изолирајте ги политички луѓето кои не сакаат добрососедски односи

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР: Општините и советниците доследно да го применуваат уставното име на државата

Редакција

За една недела 86 деца до 9 години заболеле од Ковид-19

Редакција

Судскиот совет го разреши судијата Катавеновски, а за тројца судии ја запре постапката

Редакција