еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Значителен пад на температурата до вечер со дожд, снег и силен ветер

До крајот на денот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на повисоките места ќе има снег, а на пониските дожд и снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Како што информираат оттаму ќе дува засилен северозападен ветер кој ќе се задржи и во текот на ноќта кога на повеќе места ќе биде силен (над 80 км/час, а на планините и над 90 км/час), а тоа ќе предизвика нагло и значително опаѓање на температурата.

Во Скопската котлина пак ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд, кој во делови од котлината кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе преминува во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој во текот на ноќта дополнително ќе засилува.

Како што соопштуваат од УХМР денеска до 16 часот на Попова Шапка висината на снежната покривка била 64 сантиметри, во Маврови Анови 16, Лазарополе 13, пет во Крушево (до 13 часот) и Ѓуриште, четири во Берово и два во Крива Паланка. Најмногу дожд наврна во Крива Паланка пет литри на метар квадратен.

Ниските температури ќе се здржат и во наредните денови, во понеделник наместа и дневните ќе бидат под нулата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Разочарувачки е колку малку се вреднува човечкиот живот во нашето општество

Редакција

(Видео) Пендаровски во Њујорк ја одликуваше со орден Организацијата на ОН за подршката по скопскиот земјотрес

Редакција

Македонија набавува заштитна опрема за медицинските лица поради коронавирусот

Редакција