еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Одобрени над 2,2 милиона евра за лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза

Премиерот Димитар Ковачевски кој денеска имаше средба со претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза, рече дека се одобрени над 2,2 милиона евра за „трикафта“, како и дека се дадени насоки за итна набавка на лекот.

На средбата присуствуваа и советничката за здравство Ана Данева-Маркова, директорката на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), Магдалена Филиповска-Грашкоска и пратеничката Санела Шкријељ, а премиерот потенцираше дека нема да дозволи ниту еден пациент во земјава да биде издвоен или маргинализирани само зашто има скапа терапија.

Во Владата, информира Ковачевски, ќе се формира посебно тело составено од стручните советници на премиерот, ФЗОМ, МАЛМЕД, БЈН, Клиника за детски болести и претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза, кои до крајот на следната недела треба да направат предлог-измени на Закон за јавни набавки, Закон за лекови и Закон за здравствено осигурување за да може директно да се преговара за набавка на лекот и на овој начин да се обезбеди лекот за сите пациенти.

– Со измени на постоечки законски регулативи, би се направило системско решение, односно државата во директни преговори со производителот на лекот би ја набавувала потребната терапија.

Дополнително, прв пат ќе се подготви тригодишна програма за пациенти со цистична фиброза, во која ќе има буџетска предвидливост за секоја година сите пациенти да го добиваат лекот, рече премиерот.

На почетокот на средбата, тој уште еднаш изрази длабоко жалење за смртта на прерано починатиот Благојче Илиевски, кој ја загуби битката со болеста цистична фиброза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерството за здравство не е најодговорно за смртта на Благојче, вели министерот Сали

Ковачевски: Можевме да го спасиме Благојче, но, зошто не го направивме тоа е главното прашање

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 775 оздравени од Ковид-19

Редакција

(Галерија) Кои Македонци го заслужија епитетот – најбарани интернационални модели

Редакција

6 починале: Вкупно 663 граѓани во Македонија по вторпат заболеле од Ковид-19

Редакција