еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Над 33.000 лица загинаа во Турција и Сирија по земјотресите

Повеќе од 33.000 луѓе загинаа во Турција и соседна Сирија по земјотресите на 6 февруари со епицентар во јужната турска област Кахраманмараш.

Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби на турската влада (АФАД) денеска соопшти дека бројот на загинати во Турција се искачи на 29.605. Според оваа служба, повеќе од 92.600 луѓе се повредени.

Бројот на загинати во областа под контрола на бунтовниците во северозападна Сирија се искачи на 2.166, според спасувачката група „Бели шлемови“. Вкупниот број на жртви во Сирија заклучно вчера изнесуваше 3.553, иако официјалниот број на загинати од 1.387 лица, пријавен за областите во земјата контролирани од владата, е непроменет со денови.

Турската Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби извести дека 147.934 лица се евакуирани од региони погодени од земјотресите, објави Дејли Сабах.

Потпретседателот Фуат Октаи изјави дека 32.071 тимови за пребарување и спасување работат во 10-те погодени окрузи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре дожд и снег, од понеделник температури до 19 степени

Редакција

Проф. Трајковски: „Ќе се дозволи уште еден неконтролиран есенски бран на Ковид-19, последниот јуриш на епидемијата“

Редакција

Стапи во сила одлуката за замрзнување на цените на повеќе видови овошје и зеленчук

Редакција