Викторија Аврамовска Мадиќ е кандидатот на СДСМ за заменик министер за правда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се кандидатите за нови министри и заменици-министри
Кој е Кренар Лога, кандидатот за министер за правда на Алијанса за Албанците
Образование
Родена е на 6.12 1978 година во Скопје.
Таа е дипломиран правник, а дипломирала во 2001 година на Правниот факултет при Универзитетот “Кирил и Методиј“ во Скопје.
Мадиќ е и магистер по правосудство.
Работно искуство и политичка кариера
Од август лани е државен советник во Судскиот совет.
Претходно била помошник раководител во Секторот за правни и организациони работи во Општина Центар.
Во периодот од 2017 до 2021, во времето кога градоначалник е Петре Шилегов, е секретар на Град Скопје.
Од 2006 до 2017 година работела во Кабинетот на претседателот во Секторот за правни работи, шеф на протокол, во периоди кога претседатели биле Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов.
Од 2004 до 2006 година работела во Министерството за правда, како шеф на кабинет на тогашната министерка Мери Младеновска Ѓорѓиевска.
Претходно работела и во Владата, како помлад соработник.
Од 2003 до 2004 година работела во ЈП за аеродромски услуги како референт за судски спорови, а претходно и во адвокатска канцеларија како приправник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Тирон Јајага, кандидатот за заменик министер за одбрана на Алијансата за Албанците
Фото: СДСМ