еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) И Демократски сојуз на Трајанов ја напушта Владата

Врз основа на целокупната анализа на денешните седници на Претседателството и на Централниот совет на Деморкатскиот сојуз (ДС), партијата одлучи да не ја поддржи реконструкцијата на Владата и нема да биде дел од парламентарното мнозинство, изјави вечерва претседател на ДС, Павле Трајанов.

Но, како што нагласи тој на прес-конференцијата во седиштето на партијата, ДС и натаму ќе ги поддржува и ќе иницира проекти кои значат имплементација на европските стандарди.

Трајанов истакна дека се цврсто определени за влез на земјата во Европската Унија.

– Заклучивме дека нашите програмски цели дефинирани низ нашите партиски органи и тела кои беа усогласени со СДСМ пред изборите, не се имплементирани. Прво, имавме договор Македонија да биде една изборна единица, во оваа насока беше подготвен закон за Македонија да биде една изборна единица, помина на комисиите, но е блокиран, бидејќи претседателот на Собранието Талат Џафери не ја закажува седницата на која треба да се расправа околу овие законски промени, потенцира Трајанов.

Тој додаде дека не се имплементираат ниту програмските цели на ДС за реформи во правосудниот систем, како и за борбата против корупцијата.

МИА/Фото: ДС/видео: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Попусто полициски час ако верниците ги преплават црквите пред Велигден

Редакција

Лидерска средба нема, Заев на прес-конференција ќе ги образложи причините и следните чекори

Редакција

Милошоски побара пари од Собранието да води кампања за бојкот на референдумот

Редакција