еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Ковачевски и Вучиќ од Минхен: Македонија и Србија придонесуваат за безбедноста на регионот

Заложбите на Србија и Македонија за промовирање на регионална безбедност и развој на демократските општества за стабилен и просперитетен регион, беа теми на разговор на денешната средба во Минхен меѓу премиерот Димитар Ковачевски и српскиот претседател Александар Вучиќ, на маргините на 59. Минхенска безбедносна конференција, информираат од Владата.

Ковачевски и Вучиќ потенцирале дека евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ.

На средбата премиерот на Македонија и претседателот на Србија, размениле мислења за билатералните односи меѓу двете држави, како и продолжувањето на соработката на регионален план и на тековните регионални иницијативи.

Двајцата соговорници го поздравиле ратификувањето на Договорите кои произлегуваат од Отворен Балкан, со кои конечно станува реалност граѓаните на Македонија, Србија и Албанија да можат да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци, соопшти Владата.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поевтинуваат за денар, а дизелот за половина денар по литар

Редакција

НЛБ Банка оствари добивка од 20,5 милиони евра за девет месеци

Редакција

(Фото) Скопје се сеќава: 59 години од катастрофалниот земјотрес

Редакција