еМагазин
Image default
Македонија

По барање на Боки 13, Судски совет ќе изврши вонреден надзор во Кривичен

По преставка на Бојан Јовановски – Боки 13, Судскиот совет ќе постапува по однос на обвинувањата дека Кривичниот суд има донесено „фалсификувано решение“ со кое се одбива неговото барање да за прекин на казна поради влошено здравје, информираат од неговиот правен тим.

„Ве известуваме дека по поднесената претставка од страна на Бојан Јовановски до Судскиот совет на РСМ, односно Барање за формирање на комисија за спроведување на вонреден надзор и контрола во врска со постапувањето на Основниот кривичен суд Скопје по предметот ПК бр.18/22, денеска до бранителот мр. Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, пристигна известување дека истата веднаш е земена во работа и дека се постапува по нејзините наводи.

Ја поздравуваме ажурноста и итноста при постапувањето од страна на Судскиот совет и за секое дополнително правно прашање во врска со оваа правна ситуација бранителот мр. Владимир Туфегџиќ“, посочуваат од правниот тим на Јовановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки 13 му нуди на Абази “бомби„ за корупција и криминал на политичари, судии, бизнисмени…

Боки 13 вратен во затвор во предканцерогена состојба, велат од неговиот правен тим

(Фото) Боки 13 се жали на „незапаметена тортура од страна на Основниот кривичен суд Скопје“

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицискиот час го прекршиле 22 лица, 657 казнети за неносење маска

Редакција

Рустеми два часа одговараше за „Рекет“: Немав притисоци каков исказ да дадам

Редакција

Судијата од Управниот суд се повикал на судиски имунитет по барањето на Обвинителството да му биде одреден притвор

Редакција