еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Клиника Жан Митрев нуди имот за одблокирање на сметките

Работењето и сметките на Клиника Жан Митрев се сѐ уште блокирани откако Кривичен суд на само еден ден пред закажаното прво рочиште донесе пресуда со решение за целосно блокирање на сметките на болницата, а обвинителката изјави дека нема намера да ја блокира болницата и тековното работење, информираат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот ги блокира сметките на клиниката Жан Митрев

-Во тој случај, доколку обвинителката вели дека нема намера да ја блокира болницата и тековното работење нека побара деблокирање на сметките. Клиника Жан Митрев ќе понуди имот како гаранција.

Целосно неосновано е образложението на Кривичниот суд дека се блокираат сметки на правни лица кои не се од интерес на клиниката. Напротив, со донесените мерки работењето на болницата Жан Митрев, која е здравствена организација од јавен интерес трпи штети.

Сепак, Клиника Жан Митрев и во вакви околности и под ваков притисок, со блокирана сметка продолжува да работи со своите пациенти и лекувањето на ниту еден пациент нема да биде доведено во прашање, велат од клиниката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се новите адвокати на Жан Митрев

Жан Митрев може да понуди и друга гаранција: Обвинителката за замрзнувањето на сметките на клиниката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За рускиот министер Лавров се уште не се знае, американскиот државен секретар Блинкен ќе дојде во Скопје за Самитот на ОБСЕ

Редакција

(Фото) Премиерот Мицкоски приватно

Редакција

Наместо со паметни телефони, ќе комуницираме со помош на очила

Редакција