еМагазин
Локално

Тетовчанец со нож шест пати ја прободел партнерката

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(49) од Тетово поради постоење основи нa сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“, информира МВР.

На 01.09.2018 година во 07.55 часот во Полициската станица Тетово, А.Б. пријавил дека истиот ден околу 07.00 часот во семејната куќа во Тетово со нож ја прободел В.М. (49) од Тетово, со која живеел во вонбрачна заедница.

После тоа, В.М. била пренесена во Клинички центар Тетово каде и биле констатирани шест убодни рани во пределот на градите, вратот, грбот и дланките, а поради сериозноста на повредите била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР растури собир покрај бадникарски оган, приведени десетина лица

Редакција

Пунктовите за лични документи во Скопје на 29 и 30. ноември со полно работно време

Редакција

Гореше станбена зграда во Гевгелија, среќа нема повредени

Редакција