На 05.09.2018 година во 05.30 часот на крстосница од бул.„Илинден“ со ул.„Никола Тесла“ во Скопје , патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.З.(23) од Скопје, удрило во семафор и бетонска жардиниера, информира МВР.
Од ударот со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Н.(22) од Скопје, додека со телесни повреди се здобила Н.З.. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде има била укажана лекарска помош.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.