еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

За прехранбените компании кои не ги намалија цените потрошени 1,5 милиони евра за субвенционирана струја, пари на граѓаните

За три месеци се потрошени околу 1,5 милиони евра за субвенционираната струја што ја добиваа компаниите од прехранбениот сектор.

Како што рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши, месечно трошокот изнесувал околу 500 000 евра, но детали во врска со ова и со трошоците за струја за комуналните претпријатија, водостопанствата и училиштата, оваа недела ќе соопшти директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.

-Согласно првичните податоци, како разлика, просечно е потрошено околу 500 000 евра месечно, но детално ќе соопшти ЕСМ. Мерката траела околу три месеци, што значи околу 1,5 милион евра се трошоците за субвенцинирање на струјата за компаниите кои произведуваат храна во државата.

Оваа недела директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски на прес-конференција ќе каже како е менаџирана кризата и колкави се трошоците направени од државниот буџет како мерки донесени од Владата, рече Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убијците на Кривањева го запалиле возилото со кое дошле: Детали за двојното убиство во Чаршијата од МВР

Редакција

Исплата на пензиите од 29 мај

Редакција

Убава вест: Оздравени 200 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција