еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Средствата за лекување на младиот Никола не се собрани, првиот третман во Турција ќе го има на 24 април

Градоначалникот на скопската Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, на Фејсбук соопшти дека болницата во Турција ја презела обврската за лекување на младиот Никола Ѓорѓиев и првиот третман за прием на терапија е закажан за 24 април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Младиот Никола кој се бори со канцер замина на лекување во Турција

-Во телефонски разговор младиот Никола не информираше дека болницата во Турција ја превзема обврската за неговото лекување и првиот третман за прием на терапија е закажан за 24 април.

Првиот чекор е направен и враќање назад нема!

Објавувам дека се закажува голем хуманитарен концерт за 19.04.2023 година (среда) под мотото ‘Подај рака за Никола’ на кој покровител сум јас, пред се како човек, а потоа и како градоначалник на Општина Гази Баба.

Потребните средства за лекувањето на Никола не се собрани и затоа е потребно сите да се обединиме во хуманоста!

Заедно со Никола ќе победиме!, напиша Стефковски.

Еве како секој од Вас може да помогне:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отворени се донациски броеви на А1 и на Телеком за лекувањето на 19-годишниот Никола, кој се бори со канцер

Фото: Фејсбук/Стефковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На собраниската Комисијата помина и нацрт амандманот за Преамбулата и АСНОМ

Редакција

Османи да дели пасоши на шалтерот во МРТВ, а не во Минхен

Редакција

Мијалков добива слобода за „Титаник 2“, Тачи не се појави, јавната седница во Апелација одложена

Редакција