еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Пендаровски присуствуваше на крунисување на британскиот Kрал Чарлс Трети и Кралицата Камила

Претседателот на државата Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, денеска присуствуваше на свечена церемонија на крунисување на Неговото Величество Кралот Чарлс Трети и Кралицата Камила во Вестминстерската опатија во Лондон.

Како што соопштија од неговиот кабинет, Пендаровски со сопругата вчера присуствувале и на прием во Бакингамската палата, приреден од Кралот Чарлс Трети за странски гости – шефови на држави со кои Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска има дипломатски односи, за претставници на британските региони и прекуокеанските територии, како и за членови на кралското семејство и британската Влада.

– Претседателот и сопругата присуствуваа на настаните во Лондон како одговор на поканата упатена до шефови на држави од британската страна. Македонско-британските релации се темелат на заеднички и универзални вредности и постојано се унапредуваат уште од нашата независност.

Во 2023 година, Македонија и Обединетото Кралство одбележуваат јубилеј од три децении од воспоставувањето на дипломатските односи, се наведува во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крунисан британскиот крал Чарлс Трети

Фото/Видео: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Палевски поправал котел на пријател ден по убиството на Вања, за претходниот рекол дека бил настинат

Редакција

Јануарска плата се уште не зеле 35.939, а декемвриска 12.692 вработени

Редакција

Истражување: Луѓето кои биле заразени од Ковид-19 не се целосно заштитени од повторна инфекција

Редакција