еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Меркел се возеше со мерцедесот за кој Груевски доби две години затвор

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Скопје се возеше со луксузниот мерцедџес за чија набавка поранешниот премиер, Никола Груевски во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство доби две години затвор.

Одвоената постапка пак за истиот случај против поранешната министерка Гордана Јанкулоска се уште е во тек.

Информацијата за Макфакс ја потврдило едно од лицата која денеска ја обезбедуваа Меркел.

Владата планираше да го продаде мерцедесот чија вредност падна за речиси половина од таа за која беше набавен (околу 600 илјади евра), но се откажа. Возилото повторно ќе биде на продажба откако ќе заврши судењето.

Фото/видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски пред подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ: Годината што изминува не е успешна, посегнаа по најсветото

Редакција

Кој е Ѓоко Камчев, кој седнува во пратеничката фотелја на Груевски

Редакција

Столтенберг: Го поздравувам гласањето на парламентот во Скопје за предложените уставни измени

Редакција