еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Вознемирувачки сцени од Косово: Судир на КФОР и Срби, има повредени

Тензиите на Косово не престануваат.

Денеска пред општината Звечан на северот на Косово се судрија силите на КФОР и српски граѓани.

Како што пренесува дописникот на МИА од Белград, конфликтот започнал кога припадниците на КФОР почнале да туркаат луѓе, вклучително и новинари кои биле во првите редови.

Толпата се спротивставила, а потоа бил фрлен солзавец, што се претпоставува дека го направил КФОР.

Фрлени се шок бомби, солзавец, како и камења и шишиња. Се слушнале истрели и детонации.

Повредени се неколку припадници на КФОР, не се знае колку граѓани се повредени, а повреден е и дописник на агенцијата Танјуг.

МИА/еМагазин/Видео: Твитер/Радио Слободна Европа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада: Најмногу за датум за нас се „бореa“ Грција, Австрија, Словенија…

Редакција

Што знаеме за „кракен“, новата варијанта на коронавирусот, која ни се заканува

Редакција

Нов топол бран до крајот на неделава: Oд среда над 40 степени

Редакција