еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Жената во Прилеп ја усмртил синот, а во полиција се пријавил таткото

Секторот за внатрешни работи Битола – Полициска станица Прилеп, до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против Д.П.(26) од с.Славеј, Прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, по член 300 и член 301 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

На 9.06.2023 околу 19.45 часот на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, пријавениот со патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки удрил во велосипед управуван од А.Ц.(42) од Прилеп и го напуштил местото, а од здобиените повреди А.Ц. починала на местото.

Подоцна, во полициска станица неговиот татко Р.П.(54) пријавил дека го управувал возилото, но по преземени мерки било утврдено дека Д.П. го управувал возилото. Тој бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина 42-годишна жена од Прилеп откако во неа удрил автомобил

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До 2024 година треба да бидат заменети личните документи, кои се новите цени

Редакција

(ВИДЕО) Се интензивира изградбата на мостот на кој требаше да се врти панорамското тркало

Редакција

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите убедливо на врвот

Редакција