Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат во просек за 2,09 отсто, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Малопродажните цени на бензините „Еуросупер БС-95“ и „Еуросупер БС-98“, како и на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар за литар, а на мазутот за 0,922 денари за килограм.
„Еуросупер БС-95“ ќе чини 81,50 денари за литар, „Еуросупер БС-98“ ќе се продава по 83,50 денари, дизелот ќе биде 70,50 денари, а екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) 69 денари за литар. Цената на мазутот М-1 НС ќе изнесува 40,526 денари за килограм.
Според РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,803 отсто, кај дизелот за 2,996 кај екстра лесното масло за 2,977 и кај мазутот зголемувањето е за 2,913 проценти.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,122 отсто.