еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

УХМР: Денеска се можни поројни дождови и брзо зголемување на водостоите на реките и свлечишта

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека во текот на денешниот ден, на повеќе места се очекуваат локални поројни врнежи од дожд кои можат локално да предизвикаат брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците низ земјава, а можно е да има и локални проблеми во дел од градските населени места доколку таму бидат распределени интензивните врнежи.

Исто така, можна е и појава на свлечишта.

Предупредуваме на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците за време на денешниот ден.

Времето денеска е променливо облачно, а од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно, од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе достигне 28 степени. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Заев, Пендаровски и Џафери на божиќен ручек и именден кај г.г Стефан

Редакција

Угостителските услуги во мај поскапеле за 9,7% на годишно ниво

Редакција

Уапсен 21-годишниот Србин кој уби осум лица кај Младеновац, по него трагаа 600 полицајци

Редакција