еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Моторџија почина по удар во камион во тунелот кај Катланово, едно лице пренесено во болница

Во МВР попладнево, во 16:55 часот, било пријавено дека во тунелот кај Катланово во правец од Велес кон Скопје, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возило и мотоцикл со унгарски таблички.

Како што велат за МИА од МВР,  според првичните информации, едно лице, кое се превезувало на мотоциклот, починало, а другото, кое исто така се превезувало на мотоциклот, е пренесено во Ургентниот центар Скопје.

Автопатот Велес – Скопје, кај тунелот, е целосно затворен за сообраќај. Возилата се пренасочуваат од клучката Велес кон Свети Николе, кон автопатот Штип – Скопје.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта склучи договор со Пуцко петрол вреден 1,9 милион евра

Редакција

Кредитна линија од четири милиони евра од ЕБОР за НЛБ Банка АД Скопје, за кредитирање на станбениот сектор

Редакција

(Мапа) Во кои градови има најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција