еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Викендов облачно со пороен дожд

Од утре попладне и во недела времето ќе биде променливо облачно. На повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, и во Скопската котлина од утре попладне и во недела, повремено ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Систина го демантираат синот на Амди Бајрам, тестот за Ковид-19 му бил позитивен

Редакција

МВР растури приватна забава во викендица во Волково, приведени 29 лица

Редакција

Хрватскиот претседател Милановиќ и возврати на Бугарија: Доста ја „шутиравте“ Македонија

Редакција