еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Македонската компанија „Сајтрокс“ ставена на црната листа на САД

Македонската компанија „Сајтрокс“, Бирото за индустрија и безбедност на Министерството за трговија на САД ја стави на т.н. црна листа заедно со три други компании – унгарската компанија „Сајтрокс Холдинг“, „Интелекса“ од Грција и „Интелекса Лимитетед“ од Ирска, кои се меѓусебно поврзани.

Тие се најдоа на листата поради злоупотреба на малициозниот софтвер за шпионажа “Предатор“ и загрозувањето на приватноста и безбедноста на граѓаните ширум светот.

Во соопштението на Бирото се вели дека Министерството за трговија, препознавајќи ја клучната улога што технологијата за следење комуникации ја има во овозможувањето репресија и други нарушувања на човековите права, одлучило да го ограничи пристапот на овие компании до средства, софтвер и технологија што може да им помогне да развијат алати за следење, бидејќи тоа би претставувало ризик за злоупотреба и за прекршување на човековите права.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој се освен Мерко е на црната листа на САД

Љубе Бошковски кој е на црната листа на САД е соработник во Владата за привлекување странски инвестиции

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонец загина кај хрватскиот остров Вис, му се слошило додека нуркал

Редакција

Курц поднесе оставка поради корупциски скандал

Редакција

Цела листа: Објавени платите на министрите, само Спасовски има повисока од Заев

Редакција