еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична за градоначалник на Кочани, четири пати именувал исто лице за в.д. директор на училиште без положен испит

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани до Основно јавно обвинителство Кочани денеска поднесе кривична пријава против Љ.П. (63) од Кочани, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопштија денеска од МВР, тој во својство на службено лице – градоначалник на Општина Кочани, со искористување на својата службена положба, ги пречекорил границите на своето службено овластување, така што на 06.12.2021 година за првпат го именувал С.З. за вршител на должноста директор на СОУ „Гошо Викентиев“ Кочани и продолжил да го именува по трети и четврти пат, иако бил должен да знае дека лицето кое го именувал не го положил испитот за директор во законски утврдениот рок од една година и не ги исполнува условите за вршење на должноста.

– Со наведеното дејствие, пријавениот постапил спротивно на член 93-в од Законот за средно образование и му овозможил на лицето да се стекне со противправна имотна корист во вкупен паричен износ од околу 63.552 денари, се појаснува во соопштението од МВР. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради „скриена амнестија“: Партиите на Албанците без подршка за последната верзија на Законот за ЈО

Редакција

Која е Наташа Габер-Дамјановска, која е реизбрана за директор на Академијата за судии и јавни обвинители

Редакција

Државните ревизори откриваат дека ВМРО-ДПМНЕ на рати отплаќа милионски долгови

Редакција