еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Кои се симптомите на новиот сој на Ковид-19, “Ерис“

Новиот сој на Ковид-19, „Ерис“, кој се шири низ светот и веќе е регистриран во над 36 земји, за првпат е регистриран во март годинава, а е под мониторинг од страна на Светската здравствена организација (СЗО) од јули, кога и почнаа првите хоспитализации на заразени лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов сој на Ковид-19 регистриран во 36 земји низ светот

Ерис или ЕГ.5.1, е подваријанта на Омикрон.

Кои се симптомите?

Петте најчести симптоми на Омикрон според ZOE Health Study, како што објави британскиот весник Индипендент се течење на носот, главоболка, замор (благ или тежок) и кивање.

Што велат експертите?

Експертите кои ги консултирал Индипендент велат дека нема потреба од загриженост од новиот сој и покрај фактот дека на повидок е нов бран.

Шефот за примарна здравствена заштита и јавното здравје на Империал колеџ во Лондон, професорот Азим Маџид ја минимизира загриженоста за варијантата Ерис.

„Не чувствувам дека луѓето треба да бидат претерано загрижени од неодамнешното зголемување на случаите со Ковид-19. Бројот на случаи ќе варира и ќе има периоди кога ќе се зголеми бројот на случаи во Велика Британија“, вели тој за Индипендент.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Пановски: Вакцината е доброволна, никој нема право да Ве присилува да ја примите

Редакција

Времето денеска променливо облачно и ветровито

Редакција

Губењето на осет за мирис и вкус „скриени“ симптоми за коронавирусот, кои се другите?

Редакција