еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Проширувањето на Западен Балкан во 2030 година е реална, но амбициозна цел, смета Мишел

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска изјави дека неговата оценка дека Европската унија и Западен Балкан треба да бидат подготвени за проширување до 2030 година е реална, но амбициозна цел.

Тој во интервју за словенечката новинска агенција СТА нагласи дека во ЕУ постои политичка волја за проширување.

„Мораме да направиме многу од двете страни за да се увериме дека до 2030 година ќе бидеме подготвени. Тоа не значи дека се ќе биде лесно, но значи дека ако имаме политичка волја, ако сакаме да работиме заедно. Ако сакаме да бидеме искрени еден кон друг, можно е да ги постигнеме вистинските резултати за луѓето во регионот и во ЕУ“, рече Мишел, кој учествуваше на Бледскиот стратешки форум.

Мишел нагласи дека кога станува збор за проширувањето на ЕУ, во Европскиот совет има сосема поинаков начин на размислување во однос на оној од претходните години.

„Кога станав премиер на Белгија, членка на Европскиот совет пред многу години, беше многу тешко да се замисли дека на ниво на Европскиот совет, на ниво на лидери, ќе имаме сериозни дискусии за темите проширување, реформи, спорови и потребата ЕУ да претрпи реформи за да биде подготвена за процесот на проширување“,.

Тој нагласи дека на последниот состанок на Европскиот совет во јуни, сите лидери се согласиле за тоа да се разговара на неформалниот самит во Гранада, Шпанија, на почетокот на октомври, и објасни дека Европската комисија потоа ќе го претстави извештајот за проширувањето, што би било основа за дебата и одлучување на редовниот состанок во Брисел во декември.

Мишел рече дека очекува „некои фундаментални одлуки за Украина, Молдавија и другите земји во регионот“.

Тој посочи дека процесот на пристапување се заснова на постигнувања, така што има разлики меѓу различните земји од Западен Балкан.

„Знам дека постои одредено ниво на скептицизам, одреден степен на сомнеж затоа што во последните 20 години одлуките се носат премногу бавно. Но, би сакал да ги убедам моите пријатели од Западен Балкан, не само елитата, не не само лидерите, туку и луѓето во регионот, дека ЕУ е сe повеќе убедена дека нејзината иднина ќе биде побезбедна ако можеме да обезбедиме дека земјите од Западен Балкан се целосно дел од ЕУ и полноправни членки на ЕУ“, нагласи Мишел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ не е фокусирана на датумот, туку на заслугите, велат од Европска комисија за проширувањето

Можно е проширување и пред 2030, но прво ЕУ треба да се реформира, порача од Блед француската државна секретарка за Европа

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Симболика поврзана со хартии од вредност во канцеларијата на Иван Штериев, првиот човек на Македонската берза

Петре Димитров

Кујните во училиштата во Карпош ќе бидат отворени бидејќи не била откриена салмонела

Редакција

Најчитани на еМагазин за 2021: Присуството на антитела значи заштита од Ковид-19, не е важно колкав е нивниот број, вели доктор Киријас

Редакција