еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачко видео) Екипаж на брод во Грција турнаа човек во морето кој се удави

Грција е во шок, откако се објавени снимки од инцидент кој синоќа се случи на брод на компанијата Blue Horizon на атинското пристаниште Пиреја, јавува дописникот на еМагазин од Солун.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Капетанот и екипажот не ни пријавиле дека турнале патник во морето: Шокатни сведоштва на патниците од грчкиот брод

Како што може да се види на видеата кои ги објави Прототема, патник кој задоцнил, се обидува да се качи на брод кој треба да тргне за Крит, но е спречен од двајца вработени на бродот, кои го турнуваат.

Тој се обидува да остане на бродот, но повторно е турнат и завршува во море, каде се удави, а сето тоа го гледат патниците, кои врескаат. Бродот отпловува, како ништо да не се случило, а на патниците им велат дека се случил инцидент, не по вина на екипажот.

Не се знае дали удавениот маж ја удрил главата или друг дел од телото паѓајќи во морето.

Како што објави Протетма станува збор за 36-годишен маж, а засега е нејасно дали имал карта, која исто така може да се купи и на бродот.

На бродот по неколку часа му е наредено да се врати во Пиреја, а се уапсени капетанот и четворица членови на екипажот.

Видео: Прототема

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Самит на Македонија2025 на 15 и 16 мај: Фокус на иницирање промени и иновации во Југоисточна Европа

Редакција

Мистерија дали има уште еден преживеан: Пронајдени 44 тела, преживеан патник тврди дека спасил осум лица, велат од бугарското Обвинителство

Редакција

(Галерија) Македонските фудбалери заминаа за Букурешт, еве со кој се ќе играат

Редакција