еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Поплавите во Грција го затворија автопатот Солун-Атина

Поради поплавите во регионот Тесалија, привремено е затворен дел од автопатот Солун –Атина пред Катерини, сообраќајот е во прекин во правец кон грчката метропола, а возилата се пренасочуваат кон автопатот Егнатија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција информираа дека автопатот е затворен од синоќа по полноќ, а прекинот ќе биде сè додека не се нормализираат условите за сообраќај.

Сите возила кои се упатуваат кон Атина кај клучката Иматиа веднаш по патарината Малгара, на 20-ина километри по Солун, се пренасочуваат кон автопатот Игнатија.

Исклучок има за возилата чија крајна дестинација е регионот Пиерија, како и возилата за итни случаи, односно брзата помош, противпожарната служба, итн..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вознемирувачки сцени и од Атина, невремето „Даниел“ направи пустош низ Грција

(Видео) Вознемирувачки снимки од Скијатос по бурата која ја погоди Грција, островот е без струја и вода

(Видео) Вознемирувачки снимки од невремето кое го погоди Волос во Грција

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во селото Старавина пронајдени 837 неексплодирани бомби од Првата светска војна

Редакција

Твитер-реакции за азилот на Груевски: Уживај си ги парите и е.и си мајката

Редакција

Вучиќ: Српската опозиција сонува македонско сценарио

Редакција