еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во август во Македонија 112 случаи на Ковид-19 и едно починато лице

Во Македонија во текот на месец август, пријавени се вкупно 112 случаи на Ковид-19 (I=6,1/100.000), соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

-Во однос на претходниот месец јули 2023 (n=23), се регистрира зголемување на бројот на пријавени од Ковид-19 за 4,6 пати, a во однос на месец август 2022 (n=12.354) се регистрира многукратно намалување на заболените.

Од заболените во август 2023, најголем број на заболени (n=34) се пријавени од Скопје, а највисока инциденца (73,4/100.000) се регистрира во Кавадарци.

Триесет и пет од заболените лица се реинфекции.

Во текот на месецот пријавено е едно починато лице.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната групата над 60 години (n=44; 39,3%), стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

48 лица починале од Ковид-19 надвор од болница

Редакција

Словачка го продолжи ембаргото за украинските житарки до крајот на годината

Редакција

(Фото) Прогласени победниците на Златно тркало 2025: Кои се најпосакуваните автомобили во Македонија?

Редакција