Претседателот на бугарската фондација “Македонија“, Виктор Стојанов отворено им се закани на Македонците во Пустец, доколку на пописот во Албанија, кој е во тек, не се пишат како Бугари.
„До сите жители на општина Пустец, Албанија: „Доколку сега на пописот не се пријавите како етнички Бугари, во најкус можен рок ќе ви бидат одземени бугарските државјанства, а доколку сте во постапка – веднаш ќе ви бидат прекинати процедурите. Веќе имаме еден таков случај. Размислете“, напиша Стојанов на својот Фејсбук профил.
Бугарски активисти, претставници на власта и невладини организации периодов се активни меѓу Македонците во Албанија и се обидуваат да ги убедат дека се Бугари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е бугарската фондација „Македонија“ која најави отварање на нови онлајн медиуми во Македонија