еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15%

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 проценти. Договорот во Министерството за образование и наука (МОН) го потпишале претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков и министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

-Септемвриските плати во основното и средното образование повисоки за 15 отсто. Продолжуваме понатаму со потпишување на колективните договори за основно, средно и високо образование, напиша на Фејсбук синдикалниот лидер.

Вработените во образованието со септемвриската плата добиваат 10 отсто согласно Општиот колективен договор (ОКД) за вработените во јавниот сектор и уште 5 отсто дополчнително договорени во преговорите меѓу СОНК и МОН.

Неделков неодамна за МИА изјави дека СОНК е во континуирани преговори со Министерството за образование и наука просветните работници со септемвриската плата да добијат дополнително покачување од оние 10 отсто што ќе им следуваат со ОКД.

Дополнителното покачување е сигурно, нагласи Неделков, и СОНК преговара со МОН колкав да биде процентот.

-Тие даваат толку колку што даваат, ние бараме повеќе. Да видиме каде ќе се сретнеме и затоа не би сакал да шпекулирам со проценти во јавноста, додаде Неделков во изјава на почетокот на учебната година.

Притоа посочи дека СОНК успеал да издејстува 10 проценти покачување на платите за просветарите во 2020 година и 18 проценти во 2022.

МИА/Фото: Фејсбук/Неделков

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13 на судењето за „Рекет“ побара одземените капути, чизми, очила, круната… да му се донесат во судница

Редакција

(Видео) Во Атина вчера два масовни протести поради железничката несреќа

Редакција

Ќе видиме дали ќе се избере нова анти-демократска, анти-Преспа, анти-НАТО и анти-ЕУ Влада, велат од СДСМ

Редакција