еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето повторно се стоплува, денеска ќе биде сончево со температура до 30 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура во интервал од 9 до 18, а максималната од 25 до 30 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Како што најавува Управата за хидрометеоролошки работи, следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а температурите ќе бидат во рамки на просечните за овој период од годината.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ГАК со детали за починатата родилка и нејзиното бебе: Смртта настанала поради одлепување на постелката

Редакција

Ќе се зголеми достапноста на лекот „Ocrevus“ за забавувaње на развојот на мултипла склероза

Редакција

Времето денеска облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Редакција