еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Избрани нови судии во Основен граѓански и Кривичен суд Скопје

Шест нови судии денеска дадоа свечени изјави пред Судскиот совет. Овие судии ќе работат во Основниот граѓански суд Скопје и Основниот кривичен суд Скопје, а доаѓаат од редот на кандидатите на Академијата за судии и јавни обвинители.

Свечена изјава за Основен граѓански суд Скопје денеска во Судски совет потпишаа судиите Ирена Митреска, Драгана Илиовска и Сања Томиќ Велкоски.

За судии во Основен кривичен суд Скопје беа избрани Лиљана Миланова, Влатко Сековски и Надица Митреска.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Хрватски фудбалски навивачи на Динамо во Атина убија 29-годишен навивач на АЕК

Редакција

(ВИДЕО) Како Вучиќ го пречека Пендаровски

Редакција

Средбата на албанските парти од Македонија со Рама била новогодишна, вели Османи

Редакција