еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Колку вреди одземениот имот на Груевски

Државата му одзеде имот на поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, кој наскоро како што соопштија од Агенцијата за управување со одземен имот, ќе оди на продажба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој ќе го купи запленетиот имот на Груевски, еве што сè ќе се продава

Меѓу имотот кој ќе оди на продажба се два стана во скопска Кисела вода. Телевизијата ТВ 21 објави дека тој од 65 м2, Бирото за судско вештачење го проценило на 62.700 евра. Другиот од 44 м2 на 43.700 евра.

Покрај становите, одземени се и три големи апартмани во „Панорама резиденс“. Апартманите се со површина од 199 м2 плус 48 м2 со вредност од 635 илјади евра, апартман од 200 м2 плус 48 м2 со вредност од 637 илјади евра и апартман од 155 м2 плус 95 м2 со вредност од 570 илјади евра.

Вкупната сума на одземени и проценети имоти досега достигнува 1.950.000 евра, објави телевизијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фирмите поврзани со Мијалков остануваат во Топ 10 должници, на Листата на УЈП и Супертрејд транспорт

Државата продаде два стана и земјиште на Мијалков, собра 244 илјади евра

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова реалност: Купена облека ќе пробуваме дома, во ресторан разделени со плексиглас, на забар ќе ни мерат температура

Петре Димитров

Владата усвои законски измени: Се предлага прагот за ДДВ обврзници да се зголеми на два милиона денари

Редакција

Од утре променливо облачно со повремен дожд

Редакција