Премиерот Димитар Ковачевски смета дека нема ништо спорно во тоа што Владата првично предложила директор на Македонска навигација (М-НАВ), кој е несоодветен за таа позиција, односно не ги исполнува условите.
Одговарајќи на новинарско прашање, тој информираше дека имало повеќе кандидати кои биле предложени и разгледувани од страна на Владата, при што биле консултирани од Статутот на М-НАВ и врз основа на тоа биле издвоени двајца кандидати.
„Но, затоа што се случиле промени на Статутот пред извесно време, пред четири години точно во делот на М-НАВ кој што вели дека генералниот директор мора да биде контролор и затоа имаше и други кандидати, кои што беа разгледувани, при што се извршија и консултации со стручната фела.
Претпоставувате дека во Влада нема ниеден контролор на летање од 21 министер и врз основа на консултација со стручната фела беше донесена одлука да се препорача овој кандидат за извршен директор,“ изјави Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Хекуран Асани, предлог на Владата за нов директор на М-НАВ
Кој е Милан Кораќ, предлог на Владата за нов секторски директор во М-НАВ