еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од грип починал 45-годишен маж од Неготино

Во извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за состојбата со грип во земјава, во периодот од 15 до 21. јануари годинава, стои дека е регистриран еден смртен случај поврзан со грип.

Се работи за лице на возраст од 45 години од Неготино, кое било хоспитализирано во Клиниката за инфективни болести и фебрични состојби.

Досега вкупно се регистрирани седум смртни случаи од грип и заболувања слични на грип.

Починатите лица се од возрасната група од 30 до 64 години и лица над 65 години.

Кај пет од починатите лица било докажано присуство на Influenza A(H1)pdm09, а едно лице било позитивно на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

45-годишна жена почина од грип, шести починат пациент во последните недели

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од корона вирусот заболеле 718 здравствени работници, од нив 4 починале

Редакција

Првите случаи на Ковид-19 се појавиле во Кина во октомври 2019 година, тврдат британски научници

Редакција

Боро Стојчев поднесе неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Ново Село

Редакција