еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат одлуката на гласачите или одиме на предвремени избори

Гласот на граѓаните кои гласаа на консултативниот референдум треба да се претвори во политичка активност во Собранието, изјави премиерот Зоран Заев.

Тој додаде дека ако има огромно мнозинство „За“ од тие што излегле на гласање, очекува пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ја артикулираат нивната вољја во Собранието односно да ги поддржат уставните измени.

Во спротивно Заев најави дека нема да има друго решение освен нови предвремени парламентарни избори во декември.

„Волјата на оние кои гласаа на овој консултативен референдум треба да се претвори во политичка активност во законодавниот дом. Ако навистина, како што очекуваме сите, имаме видливо големо огромно мнозинство „за“ од оние што гласале тогаш јасна е иднината.

Гласот на пратениците во Собранието, треба да биде глас за одлучно и одговорно да ги забрзаме процесите за конечно членство во НАТО и ЕУ и за подобар живот на нашите деца и на сите граѓани на Македонија. Очекуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат демократската одлука на мнозинството граѓани што гласале, а во спротивно ќе треба да ја употребиме другата алатка, а тоа значи предвремени парламентарни избори“, изјави Заев.

Заев додаде и дека тој ќе продолжи да ја води нашата земја напред и Македонија ќе биде членка на НАТО И ЕУ.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пехчево освен што се бори со пожарите, погодено и од земјотрес

Редакција

(Фото) Јанкулоска после судење си замина со моторче и со наопаку ставена кацига

Редакција

Со акциите на Комерцијална, Алкалоид и НЛБ Банка лани остварен промет од 32 милиони евра

Редакција