еМагазин
ЖИВОТ

Шампионите возат одговорно

Со цел подигање на свеста за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, СВР Скопје Одделението за превенција во соработка со Републичкиот совет за безбедност на патниот сообраќај на патиштата и РК Вардар денеска во населбата Аеродром реализираа сообраќајно едукативната кампања под мотото „Шампионите возат одговорно“, информира МВР.

„Како партнери во насока на унапредување на безбедноста на патниот сообраќај, што воедно претставува заедничка цел и одговорност, на овој сообраќајно едукативен настан, односно стандардна контрола на сообраќајната полиција учествува покрај членови на РСБСП и ракометарите од РК Вардар Стојанче Стоилов и Даинис Криштопанс кои на одговорните возачи како награда им поделија по две карти за натпреварот од ракометната лига на шампиони помеѓу Вардар – Рајн Некар Левен“, се вели во соопштението на МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три години ниту трага, ниту глас од исчезната Марија Брзакова, истрагата се уште трае

Редакција

Утре ќе се одржи глобален добротворен ТВ маратон saveukraine, ќе се проследи и кај нас

Редакција

Поразителни резултати на анкета на Факултети.мк: 83,7 отсто би се отселиле од Македонија

Редакција