Потпретседателите на владејачката СДСМ, Перо Костадинов и Фатмир Битиќи синоќа поради лошите резултати на изборите, поднесоа оставки од партиските функции.
Вицепремиерот за економски прашања Битиќи побара оставка и од целото раководство на СДСМ.
„Како потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, обврзан на етички и демократски вредности, одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата. Мојата оставка комплетно ќе се ефектуира кога останатите мои другари и другарки кои го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото – од првиот до последниот“, напиша меѓудругото Битиќи на Фејсбук.
Според него оставката на раководството е “неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и трасирање на патот кон иден политички успех“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ има повеќе пратеници од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ има 58
(Фото) ВМРО-ДПМНЕ прва, СДСМ втора, ДУИ трета: Официјални податоци на ДИК