еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Мицотакис најави блокада за Македонија во ЕУ ако не го почитува Договорот од Преспа

По најавата на идниот мандатар за состав на влада, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека и тој како македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова во изјави и обраќања нема да го користи уставното име, доби предупредување од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, дека ако Македонија го прекршува Преспанскиот договор ќе добие блокада за Европската Унија од Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Мицкоски ќе употребува Македонија, ја повика и Силјановска да продолжи да го прави тоа

Мицотакис на настан од кампањата за престојните избори за Европскиот парламент, уште еднаш повтори дека Грција нема да ги ратификува трите меморандуми за соработка со Македонија, ако земјата не го почитува Договорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција нема да ги ратификува меморандумите со Македонија од Договорот од Преспа

„Ако некои веруваат дека може да не го почитуваат договорот, тие треба да сфатат дека нивниот пат до Европа ќе остане затворен, и меморандумите нема да бидат ратификувани ако нема согласност со она што го предвидува договорот“, рече Мицотакис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски предизвика бура во Грција

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ Нова ќе остане без дозвола

Редакција

За ширење лаги за руската војска во Русија казна затвор и до 15 години

Редакција

Ковачевски ќе свика лидерска средба за 7. ноември

Редакција