еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Фондот за здравство треба да плати 430 илјади евра на германска болница, открива Државна ревизија

Конечниот ревизорски извештај за работењето на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) на Државниот завод за ревизија (ДЗР) открива дека ФЗО на болница од Германија по основ на 12 тужби за плаќање за лекување, треба да и исплати 430 илјади евра.

Тужбите се поднесени во периодот од 2021 до 2022 година, а за дел од нив донесени се и пресуди од германски суд, со кои Фондот е задолжен за плаќање на трошоците за лекување.

Од ДЗР велат дека во случај на доставени фактури од странските болници со повисок износ од дадениот аванс, во деловните книги на ФЗО истите се евидентираат само до нивото на дадениот аванс, без да биде земена предвид реалната фактурирана вредност на дадените услуги.

Како причина за ваквото постапување, од страна на одговорните лица од Фондот се наведува тоа што од страна на осигуреното лице не е доставено барање и не е спроведена постапка за признавање на дополнителни трошоци, како што е предвидено со членот 19 од Правилникот за лекување во странство.

„Ваквото постапување резултирало во текот на 2021 и 2022, Фондот да се соочи со 12 тужбени барања од германска болница за плаќање на трошоците за лекување направени во период од 2017 до 2019 над износот на дадените аванси во вкупен износи од над 430 илјади евра (26 милиони 720 илјади денари), а за кои во деловните книги на Фондот не е евидентиран долг“, се вели во извештајот.

Целиот извештај ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дивеење, сообраќаен хаос, гласна музика: Зголемено присуство на полиција во Капиштец и Дебар Маало

Редакција

Израелски научници ја открија „Ахиловата пета“ на ракот

Редакција

(Видео) ДНК со спот снимен во хотелот на Адора во Златибор за новата песна „Амајлија“

Редакција