еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Министерство за здравство ќе формира комисија во врска со починатото новороденче од Ресен

Министерство за здравство ќе формира комисија, по барањето на Државниот санитарен и здравствен инспекорат (ДСЗП), а во врска со починатото новороденче од Ресен.

„Мора да направиме штом Испекторатот така мисли. Денес добив краток брифинг и за тоа. Ќе направиме комисија и веднаш да излезат и да констатираат што се случило,“ изјави министерот за здравство Арбен Таравари.

ДСЗП утврди дека кај новороденчето дијагностициран е респираторен дистрес синдром, а причината поради која настанала смрт 30 часа по раѓањето е затајување на кардио-респираторниот систем (insufitientio cardiorespiratoria).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новороденчето од Ресен починало поради затајување на кардио-респираторниот систем, утврдила инспекцијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Групирањето за време на верските празници на затворено е голем ризик за заболување од Ковид-19

Редакција

По сведочењето на Верушевски: Сите очи вперени во советникот на премиерот Зоран Заев

Редакција

Мијалков осуден на осум години затвор за „Трезор“, Грујевски на 15, а се конфискувани и пари во износ од 176.000 евра

Редакција