Александат Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ е новиот министер за транспорт и вицепремиер.
еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциска комисија кога станал пратеник во претходниот пратенички состав. Сега ќе треба да поднесе нов.
еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле новите членови на Владата, за кои се достапни податоци, односно и досега извршувале некаква државна функција, па имале законска обврска да го пријават истиот.
Тие што не извршувале досега функција, податоци за имотот до Антикорупциската комисија ќе треба да достават во рок од 30 дена.
Каков имот пријавил
Нема недвижен имот на свое име.
На име на сопругата пријавил стан во Охрид.
Вози Шкода, а неговата сопруга џип Компас.
Пријавил и денарски депозити на свое име и на име на сопругата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Владо Мисајловски, новиот министер за одбрана
Каков имот пријавил Тимчо Муцунски, новиот министер за надворешни работи и надворешна трговија
Фото: ВМРО-ДПМНЕ